ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Струга остана без брзи тестови за корона

Иако во Струга има најмногу смртни случаи од Ковид 19, а голем е и бројот на заразени, повеќе од 60.000 жители се оставени без т.н. брзи тестови. Од Здравствениот дом во градот велат дека тие немаат услови да спроведуваат брзи тестови бидејќи имаат само една лабораторија и препорачуваат тестовите да се прават во лабораторијата на општата болница.

„…Брзите тестови ни ги нудат нас од министерството. Но, ние немаме ниту кадровски, ниту просторни услови за тоа. Имаме една лаборанткa“, рече Дончо Ложанкоски-директор на здравствен дом во Струга.

Дополнителен проблем е што во Струга и понатаму нема пункт за земање на брисеви, па стружани се принудени да патуваат до Охрид. Претходниот пункт кој функционираше само три месеци, летово беше затворен. Сега има проблем и за закажување термини.

„Ако пациентот ни се јави денес да закажеме термин, ние треба наредната недела да му закажеме термин за тестирање за Ковид. Па, до наредната недела тој ќе биде негативен, а бил позитивен човек, бил контаминиран за околината. Која е добивката од тоа тестирање?!“, вели Хаџер Алиед, Матична лекарка од Струга.

Барајќи други алтернативи, пациентите се тестираат барем да видат дали имаат антитела, односно одат на серолошки тестови. Во меѓувреме, во Здравствениот дом во Охрид во петокот, односно на 4-ти месецов, почнаа со тестирање на брзи антигенски тестови. Ги закажува матичниот лекар.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button