ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Струга се испразни од туристи

„Струга ги брои последните туристи. Плажите останаа празни, а на дел од крајбрежјето, оние кои се уште управуваат со плажите, ја собраа целокупната урбана опрема“.

На почетокот на септември, на прсти се бројат оние кои уживаат во топлото време и езерската вода. Велат дека вака е поубаво, кога нема гужви и кога вистински може да се доживеат убавините на градот. Најбројни беа домашните гости од други градови, додека сосема мал е бројот на странски туристи, претежно од Холандија или Полска.

„Дојдовме да се веселиме, малку да се одмориме. За два дена сме дојдени на одмор“.

„Одлучивме, малку помирно е бидејќи сме со мало дете и кога нема гужви. Времето е уште убаво. Сега за сега е супер. Топло, можеме да се искапиме. Цените се добри. На шеталиштето е се уште раздвижено. Доаѓаме овде веќе седум – осум години. Тука сме веќе 3 – 4 дена. Ќе поседиме една недела. Не е студена водата? Чекаме пладне да дојде, па тогаш се капиме“.

„Од Кочани сме. Убава е Струга. Вака и без гужва дури и поубава е. Нема многу раздвиженост. Лабаво е. Инаку, времето е добро, не е перфектно, но е добро. Водата е студена“.

И сопствениците на локални бизниси велат дека се чувствува оти градот е празен иако се надеваат дека и септември може да биде добар месец.

Послабо е сега. Но се очекува нов бран. Очекуваме до 10 – 15 септември посета некоја. На конгреси и семинари кои доаѓаат. Се чувствува голем пад на работата. Летово задоволни ли бевте, имаше ли работа во Струга? Многу доцна почнa поради корона кризата. Некаде од 20 јули почна ефективно, но потоа пак дојде до нагол пад“, изјави Мирко Коцароски, сопственик на кајче.

Хотелиерите велат дека во моментов, најголем дел од објектите се околу 30% исполнети. Имале гости, кои престојувале со помош на ваучери за туризам, додека останатите се претежно домашни гости и сосема мал број на странци. Велат дека ако мерките не се заострат, тогаш се надеваат дека после 15 септември ќе се реализираат најавените конгреси и семинари, со што сезоната со тоа би се продолжила. Но, проблем е како во Струга така и во Охрид, поради мерките кои стартуваа од денеска за приложување на ПЦР тест или доказ за вакцинација за влез во државава, па добар дел од оние кои сакале да дојдат од надвор, ги откажале аранжманите.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button