Струјата нема да поскапи повеќе од еден процент, вели Бислимовски

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски денеска ги соопшти цените за пренос на електрична енергија, за дистрибуција на електрична енергија и цената на операторот на пазарот на електрична енергија.
„Оној дел којшто е најбитен и кој се однесува на домаќинствата и на најголем број на малите потрошувачи, делот од мрежарина, вклучувајќи го и преносот и дистрибуцијата таму имаме намалување за 7%“, истакна Бислимоски.
Во однос на останатите просечни цени, цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија се зголемува за 5,68% при што влијанието на крајната цена е 4%, цената за дистрибуција на електрична енергија се намалува за 5,52%, влијанието на крајната цена изнесува 33% и цената на операторот на пазарот на електрична енергија се зголемува за 19,8% кадешто влијанието е екстремно мало и изнесува само 0,19%, кажа Бислимоски.
Според него, не се очекува поголемо покачување на просечната цена на струјата кај домаќинствата, односно Бислимоски не очекува истата да биде поголема од еден процент.