ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стружани без вода за пиење, најавија протест!

Долгите ноќи без вода за стружани продолжуваат. Градот и понатаму е без вода за пиење од 22 часот до пет часот наутро, а во текот на денот повремено е со слаб притисок. Изворите во Шум и Горна Белица, се полупразни, па ниту вчерашните врнежи од дожд не ја подобрија ситуацијата.Стружани бараат локалните власти под итно да преземат мерки.

„Овој проблем треба да се реши, бидејки струшкиот регион секогаш се соочувал со овој проблем, особено во текот на летниот период“…

„Со водата имаме голем проблем. Често пати има проблем со водата или се случуваат дефекти. Ризично е и затоа незнаеме дали можеме да пиеме или да не пиеме. Општината треба да преземе мерки за оваа состојба и да се реши еднаш засекогаш“, реагираат граѓаните.

Од јавното претпријатие Водовод и канализација признават дека дождовите неможат да бидат трајно решение на проблемот со водоснабдувањето на Струга. Велат дека еден од предлозите кој се разгледува е да се зема вода од Охридското езеро, по примерот од Охрид.

„Не можеме ние да чекаме да врни дожд па да има вода. Затоа ние имаме неколку проекти на маса за решение на проблемот. На пример од изворите кај селото Калишта во Охридското езеро да земаме вода е една опција. Другата опција е реката кај селото Збажди, каде секогаш тече многу вода. Пред неколку дена имавме средба со професор по води, од кого побаравме да ни даде мапа од сите извори кои се во градот“, велат од Водовод и канализација Струга.

Насуфи вели дека најскапиот проект со кој комплетно би го решиле проблемот, е со носење на вода од реката кај селото Збажди, кој изнесува пет милиони евра. Но, вели дека без помош од државата тоа би било невозможно. Инаку за сабота во 11 часот пред седиштето на јавното претпријатие се најавуваат протести од стружани поради недостигот за вода за пиење.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button