ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стружани и охриѓани добија сметки за третман на отпадни води, а колектор на многу места нема

Нови давачки за стружани и охриѓани од годинава. На нивна адреса почнаа да стигнуваат сметки од новоформираното државно јавно претпријатие Колектор. Тоа им испраќа сметки за одведување и третман на отпадните води. Оваа давачка до неодамна се плаќаше со сметките за вода, но граѓаните сега реагираат оти сумата е двојно повисока од порано.

Оптоварување е за сите граѓани на Охрид. Дополнително да плаќаме нешто што до овој период го плаќавме не е во ред…“

„Имаме многу сметки, а пензиите се мали. Па, висока е во однос на другите сметки, висока е…“

„Ако не плаќаме ќе имаме затезни камати и други работи. Големи се давачките. Во однос на ситуацијата и платите кои ги земаме“, реагираат граѓаните.

Ако во 2017 година домаќинствата за колекторот плаќаа по 10,2 денари за секој потрошен метар кубен вода, во 2018 година трошокот се зголеми на 16,7, а сега во новите сметки овој надоместок изнесува 21,4 денари за кубик вода. Но, од Јавното претпријатие Колектор велат – сметките не се високи.

„Цената која ќе ја земеме во глобала е со некоја разлика на 10 кубици, 40 денари… Нова давачка не е бидејќи оваа давачка постоеше и во сметките на водоводните претпријатија“, рече Владимир Алексиески-директор на ЈП Колектор.

Но, вакви сметки почнале да добиваат и дел од жителите на струшко Радожда, каде сè уште нема колекторски систем.

„Јас испраќам апел до сите жители на Радожда, на сите што им доаѓаат вакви сметки, препорачуваме да не се плаќаат бидејќи не сме корисници на ваква услуга…“, рече Светланка Славкоска, Месна заедница во Радожда.

Инаку, колекторскиот систем околу Охридското езеро не е целосно функционален. Многу региони сè уште не се приклучени на него, како во охридскиот, така и во струшкиот дел, но сметки за него редовно ќе стигаат.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button