ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стружани и охриѓани се испокршија на мразот! Зголемен број на хоспитализации

Замрзнатите и недоволно исчистени тротоари и улици го прават тешко движењето на стружани и охриѓани во многу делови од двата града. Поради тоа голем е бројот на граѓани кои бараат лекарски интервенции поради повреди настанати при пад на мраз или снег. Од болницата за ортопедија и трауматологија велат дека последните три дена имаат зголемен број пациенти.

„…Временските прилики сега доведоа до едно енормно зголемување на бројот на скршеници односно повредените за 120%. Сите скршеници се тешки телесни повреди…“, изјави Љубомир Богоески-лекар во болница за ортопедија и трауматологија.

Снегот и мразот и денеска создаваат проблеми, особено во Струга. Многу од тротоарите се под мраз или се прекриени со купишта снег.

„Многу тешко оди движењето. Катастрофа е. Улицата не е исчистена, гледате и самите…“

„Многу е тешко. Катастрофа е. Улиците не се исчистени…“

„…Не се грижат главните коишто треба да ја вршат работата. Треба подобра организација и разбирање за постарите луѓе, за сите нас“, реагираат граѓаните.

Но, иако граѓаните кои се повредиле поради пад на замрзнатите улици и тротоари можат да бараат соодветна оштета од општината, во Струга тоа тешко ќе оди. Имено, општината функционира со блокирани сметки.

Адвокатите кои денеска ги консултираше Алсат нè информираа дека многу граѓани не се одлучуваат да тужат. Не знаат дали и кога воопшто ќе можат да ја извршат наплатата на евентуално досудената отштета, а во меѓувреме ќе мора да се изложат на судски трошоци.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button