ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Студенти од Охрид наградени на натпревар по гастрономија во Турција

Новинар: Мики Трајковски

Македонија произведува квалитетни кадри во угостителството, а за тоа потврда е неодамна освоената највисока награда гран при „Златно тавче“ на студенти од Факултетот за туризам на светскиот натпревар по гастрономија во Турција, како и 5 златни, 1 сребрен и 3 бронзени медали во индивидуална категорија.
Но проблем останува слабо платениот труд, поради што добар дел од стручниот кадар заминува на работа надвор од државата, најмногу во Црна Гора, Хрватска и Германија каде платите се за неколку пати поголеми. Наградените, се надеваат дека ситуацијата ќе се промени и во нашата земја.

„Се надеваме дека ќе завршиме во некои од најдобрите ресторани тука или надвор.Во последно време се доста ценети нашите медали и дипломи во Македонија. Во странство се одамна ценети, но почнува и кај нас полека сето тоа да оди на повисоко ниво“, изјави Христијан Јорданоски-студент по кулинарство.

На Охрид и Струга им се потребни квалитетни и стручни кадри, како би можело тој недостаток со кој што во моментот се соочува туристичкиот пазар да се сведе на минимум. Но мора да се најде начин и како овие професионални готвачи да се задржат во земјата.

„ Џабе ви е вие да имате најквалитетен инвентар,да имате кујна од 200.000-300.000 евра,ако се мислите дали да исплатите 20.000 или 30.000 денари на тој кулинарски персонал.Незамисливо е еден квалитетен готвач кој се образувал,кој самите знаат како завршиле и низ што се поминале за да стигнат до тој степен да бидат врвни кулинари, да бидат третирани испод чест и да се соочуваат со реалноста да бидат на оној минимум исплата на парични средства“, рече Климент Наумов-професор по гастрономија.

„Од друга страна и за менаџерите на рестораните ова е уште еден поттик за нив да видат дека и тука имаме добри готвачи кои што можат да работат на различни јадења и да го ценат нивниот квалитет и да ги ангажираат“, нагласи Цветко Андреески-декан на Факултет за туризам.

Од Факултетот велат дека преку збогатување на практичната настава, каде студентите треба да поминат најмалку еден месеци во текот на годината, како и со соработката со гастрономски школи од Европа, се обидуваат да привлечат што е можно повеќе студенти, иако тој број последните години бележи намалување. Инаку според некои податоци дури 80% од професионалните готвачи, заминуваат надвор од земјава. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button