ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Студија: На 500.000 граѓани лани им било побарано мито

Податоците покажуваат дека корупцијата е во секоја пора во општеството. Од секој трет граѓанин бил побаран поткуп, а секој четврти дал поткуп, покажува студијата на Центарот за меѓународна соработка. Повикувајќи се на овие податоци, минатата година на 500.000 граѓани им било побарано мито, а пари дале околу 380.000 од нив. Александар Кржаловски вели дека податоците не се добар показател за борбата против корупцијата, особено во правосудниот систем. Според него, во последната година од 98 судски пресуди за злоупотреба на службената положба, само 4 се за примање и давање поткуп.

Претседателот Стево Пендаровски искоментира дека високата корупција доаѓа од неказнивоста, па затоа бара по изборите да се направи нова законска рамка со европски антикорупциски практики.

Студијата покажува дека позитивно кај граѓаните е зголемувањето на надежта дека е можна борба против корупцијата. За разлика од лани, кога само 30 отсто од испитаниците верувале дека може да му се каже стоп за поткупот, годинава оптимизам изразиле 50 отсто од нив.

Корупцијата е распространета во здравствениот и образовниот сектор, потоа во полицијата и локалната власт, особено при издавањето градежни дозволи. Во облиците на висока корупција, студијата ги нагласува сомнежите за злоупотреба на народни пари при изградба на патната инфраструктура, како Коридорите 8 и 10Д, каде цената на еден километар се предвидува да изнесува дури15 милиони евра. За разлика од тоа изградениот автопат Демир Капија – Смоквица чинеше 6 милиони евра за километар.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button