ЗДРАВСТВОКлиматски Промени

Студија: Загадениот воздух ја намалува внимателноста и препознавањето на емоции

Истражувачите ги анализирале податоците од когнитивни тестови што 26 учесници ги решавале пред и по изложеност на високи нивоа на честички, користејќи чад од свеќи, или во услови на чист воздух, во текот на еден час.

Резултатите, објавени во научното списание Nature Communications, покажале дека дури и краткотрајната изложеност на високи концентрации на PM негативно влијае врз вниманието и препознавањето на емоции – без разлика дали учесниците дишеле нормално или само преку уста. Ова може да ја намали способноста на поединецот да се фокусира на задачи, да избегнува одвлекување и да се однесува социјално прифатливо.

„Учесниците изложени на загаден воздух покажаа послаби резултати во тестовите за внимание“, изјави д-р Томас Фахерти од Универзитетот во Бирмингем, еден од авторите на студијата.

Тој објаснува дека ова може да значи дека во секојдневниот живот полесно ќе ви се одвлекува вниманието. „На пример, кога купувате во супермаркет, можно е почесто импулсивно да купувате работи што не сте ги планирале, бидејќи не можете целосно да се фокусирате на вашите цели“, додава Фахерти.

Истражувањето исто така покажало дека учесниците биле помалку успешни во препознавање на емоции по изложеност на PM загадување.

„Тешко разликуваа дали лицето на сликата е исплашено или среќно, што може да има последици врз нашите социјални интеракции“, вели Фахерти.

Загадувањето на воздухот е еден од најголемите здравствени ризици во светот. Светската здравствена организација проценува дека загадениот воздух секоја година предизвикува околу 4,2 милиони прерани смртни случаи на глобално ниво.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button