ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судење за случајот со родилката од Дебар – Докторите се изјаснија дека не се виновни

Доктор Мухамед Асани и неговиот син доктор Блертон Асани, како прво и второ обвинети во случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, денес конечно се појавија во судница. Тие заедно со трето обвинетата докторка, Љиљана Јованоска, на кои им се суди за тешки дела против здравјето на луѓето, се изјаснија за невини.На Вепалоска, откако била породена со царски рез во 2020- та година во струшката болница ѝ беа извадени, матката, јајникот и еден бубрег. По 14 дена во шок се разбудила на КАРИЛ во Скопје.

„Последниот ден откако ми се влоши повеќе состојбата, јас му се јавив на мојот сопруг, дека од болница ме отпуштаат да си одам дома, но оти јас не сум добро, да дојде да ме земи и да ме однеси во некоја друга болница, дека јас умирам и дека моите две деца ќе останат без мајка. Одлучија да ме стават во операциона сала. Никогаш не заборавам како доктор Асани се обрати и со прст рече оваа да ја спремате за во сала“, рече Веапоска.

Веапоска беше вознемирена додека даваше исказ, па судијата даде пет минути пауза, за таа да се смири и да продолжи со исказот. Веапоска, вели дека уште ѝ се враќаат случувањата од пред три години.

„Имам страв од тоа и многу ми е лошо. Да останиш без органи е многу тешко и е многу тешко да се расправаш по овие судски врати со докторите кои не ја признаваат вината“, додава Веапоска.

Според обвининението, при изведувањето на царскиот рез, и била оштетена левата бубрежна артерија, но не презеле никакви мерки за утврдување на прчините за тоа, туку само и била давана терапија со што дополнително се влошила состојбата и Јилдиз западнала во шок. Првообвининетиот, екс директорот на струшката болница, Мухамед Асани, по излегувањето од судница, не сакаше да дава изјава,исто како и неговиот адвокат. Судскиот процес ќе продолжи на 10- ти март.
Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button