ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април продолжува на 28 јануари

Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година продолжува на 28 јануари 2021 година, откако на денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци предложени од одбраната на Спиро Ристовски.

На денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци, кои во 2016 година биле членови на месни, Централниот или Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а кои сведочеа дека Спиро Ристовски и Миле Јанакиески не биле членови на Извршниот или Централниот комитет на партијата, ниту дека некогаш биле контактирани од нив за учество или организирање превоз на симпатизери на партијата за протестите пред Собранието.

Истото го потврдија и тогашните градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на Ѓорче Петров, Сокол Митровски, на Гази Баба, Тони Трајковски и на Аеродром, Ивица Коневски, кои беа сослушани како сведоци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button