ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судии: Да се изедначат правата на обвинителите и на адвокатите

За подобра ефикасност на судството потребни се повеќе пари за мотивирање и едукација на самите судии, но и за платите на вработените во судската администрација, сметаат судиите. Судската администрација која е клучен фактор во судовите, зема плата на прагот на минималец, а има и врабтени на кои со децении работниот статус им се води како почетници во струката.

„Потребна е постојана консолидација на кадарот, како на судскиот, така и на административниот кадар. Подобрувањето на материјално – техничките услови и секако дека материјалниот статус на судиите и службата се еден од битните фактори во оваа насока“, рече Џемаили Саити, судија.

Судијката Маргарита Цаца Николовска смета дека за подобра судска ефикасност треба да се изедначат правата на обвинителите и адвокатите кога се во прашање доказите.

„Не може адвокатот да биде во положба подолго време да бара и да не добива докази, а обвинителот да биде во состојба одма да го добие тој доказ. Заради тоа, во таа насока, апсолутно дека треба да се подобрува ситацијата. Начинот на подобрување на ситуацијата е можен, меѓутоа очигледно дека треба и време и одговорност кога тоа така не се прави“, вели Цаца Николовска.

Но, кога се во прашање пријателствата меѓу судија и обвинител и бегствата на осомничените, што диретктно влијае врз ефикаснста на судството, министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека овие проблеми не се решаваат туку така.

„Немам впечаток дека работата не е сменета во однос на последните четири – пет години, мислам дека имавме побеќе акции за спречување на бегство на осуденици или обвинети лица. Имаме постојани екстрадиции за враќање на дел од тие лица и тие се враќаат. Исто така не е е важно дали некој е најдобар другар надвор од работните простории или од иснтитуциите. Она што е важно, како постапуваат во институциите“, рече министерот Маричиќ.

Маричиќ признава дека има проблеми во судството и ги посочува судењата кои траат со децении. За таквото одолговлекување Маричиќ најавува измени на Законот за парнична постапка преку кој ќе се скратат можностите за бескрајно повторуввање на постапките. Вели, дигитализацијата во судството ја зголемува ефикасноста за 60%.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button