ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судијката Добрила Кацарска која пресуди 211 години затвор за настаните од 27 – ми април, сега од позиција на претседателка на Уставниот суд порача дека јавноста се носи во заблуда со неточни тези

Судијката Добрила Кацарска која пресуди 211 години затвор за настаните од 27 – ми април, сега од позиција на претседателка на Уставниот суд порача дека јавноста се носи во заблуда со неточни тези. Според неа, не може лицата кои влегоа насилно во Собранието да бидат уставобранители. Кацарска жали што процесот не одел во живо целосно, за граѓаните да ги видат снимките кои ги гледале тие во судница цели два месеца по десет часа на ден.

„Во законодавниот дом да се постави експлозивна направа, да се тепаат пратеници, новинари, полиција а од друга страна да гледаме претставници на полицијата во комплетна борбена опрема како лежи на фотелјите и како се поздравува и гушка со маскираните лица или да слушаме маскирано лице качено на клупа како вели пукај, имаш чиста мета убиј го Заев, мислам дека на јавноста и е доволно јасно“

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button