ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судир на ВМРО и СДСМ за изјавата на министерката Стојчевска за творештвото

Судир на ВМРО и СДСМ за изјавата на министерката Стојчевска за творештвото

Продолжуваат судирите власт-опозиција околу изјавата на министерката за култура дека авторите во иднина треба да објавуваат позабавна содржина за јавноста и да не ја враќаат во, како што рече, мрачните времиња.

Оваа изјава опозицијата ја нарекува скандалозна и тивка цензура на македонското творештво. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски истакна дека со оваа изјава министерката јасно и гласно го потврдува стравот кај граѓаните дека договорите што оваа власт ги прави со Бугарија, водат кон асимилација.

Портпаролката на СДСМ пак, нагласи дека опозицијата арбитрарно си ја толкува изјавата на министерката. Според неа, политиките што се спроведуваат во културата ја поттикнуваат слободата на уметничко изразување.

На оваа изјава реагираа и уметници, по што министерката се дообјаснуваше дека ниту еден проект нема да биде цензуриран сè додека е таа на чело на Министерството за култура./Alsat.mk

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button