ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судската полиција на штрајк, министерот ветува повисоки плати

Судската полиција на штрајк, министерот ветува повисоки плати

Судската полиција денеска излезе на протест. Тие се револтирани бидејќи со измените на Законот за судска служба Владата нив не ги опфатила во делот на покачувањето на основната плата. Судската полиција денеска маршираше од пред МТВ до Министерството за правда, каде имаа средба со министерот Никола Тупанчевки. Тој ги уверил дека до крајов на неделава ќе разговара со Министерството за финансии за да се исполни барањето на судската полиција за покачување на основната плата за 15 отсто. Низ земјава има околу 180 судски полицајци

„Моментално основната плата на овие луѓе овде е некаде околу 17 800 денари. Сега се зголемува, на судски полицаец за 7 бода, и тоа е околу 200-300 денари, ќе стигнеме до 18 100 – 200… Некои 24 – 25 000 денари со сè додатоци кога би било добро. –
Ова актуелни примања се? –
Да, тоа се актуелните примања со се сите додатоци“, изјави Владимир Литовски, претседател на Независен синдикат на судска полиција./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button