ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судски совет: Нов правилник за избор на судии во повисок суд

Членовите на Судскиот совет ги одобрија измените и дополнувањата на Правилникот за работа на Советот, во кој се вклучени препораките на оценувачката мисија на ЕУ. Претседателката на Советот, Весна Дамева рече дека измените кои стапуваат на сила веднаш предвидуваат одговорност од Советот и неговите членови за донесените одлуки.

Поточно, Советот треба да води сметка судовите да не избираат кандидатите кои се рангирани подолу на листата, а членовите задолжително да го појаснат ставот „за“ или „против“ некој кандидат да стане судија или претседател на суд.

Со измената на Деловникот се предвидува и определување на рокови за членовите на Советот да не можат да ги чуваат предметите во фиоки бидејќи во спротивно ќе има одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ, која се очекува наскоро да дојде на власт, вети дека ќе го распушти досегашниот состав на Судскиот совет, бидејќи го загубил кредибилитетот. Предлага нова законска рамка за Советот, кој во изминатиот период беше цел на критики поради низа скандали.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button