ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судскиот совет ги проверил застарените предмети во сите судови, ќе се анализира дали има одговорност кај судиите

Членови на Судскиот совет завршиле со посетите на судовите низ земјава. Преку непосредни средби и директен увид, советот собрал информации, зошто некои судски предмети застариле или се пред застарување. Прибавени биле и информации за нерешени случаи кои со години талкаат по судските лавиринти.

„Тие посети завршија и од денешната седница практично, па понатаму почнуваме со анализа на состојбите во судовите како по однос на застарените предмети така и по однос на старите не решени предмети“, рече Киро Здравев, Претседател на Судски совет.

Иако Судскиот совет очекувал најмогу застарени предмети да има за кривичното дело, „злоупотреба на службената положба“, сепак вакви процеси и да нема, уверува Здравев. Дополнително треба да анализираат заошто одредени случаи застареле и дали има услови да се разрешат судии кои ги оддолговлекувале процесите.

„Ако постојат субјективни причини, сигурно тоа ќе повлече и одговорност на некои судии. Ако постојат објективни причини, ќе треба максимум ангажирање од претседателите на судовите и ние како Судски совет да ги надминеме тие објективни причини за да може судовите понатаму нормално да ја обавуваат својата работа“, додава Здравев.

Пред повеќе од еден месец, претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев заедно со уште тројца колеги беа во посета на Врховниот суд. Тој тогаш тврдеше дека анализата на случаите во највисокиот суд не е поврзано со најавеното проветрување на министерот за правда Бојан Маричиќ. Инаку в.д. претседателот на Врховен, Фаик Арслани инфомираше дека откако започнал да го води судот, затекнал десетина предмети чувани во фиока – случај за кој обвинителството отвори истрага уште пред седум месеци.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button