ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Суспендиран шефот на обезбедувањето на Гаши

Суспендиран шефот на обезбедувањето на Гаши

Полицијата поднесе кривична пријава против шефот на обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши, полицаецот кој на 1 август по наредба на Гаши отиде на скопскиот аеродром за да ја расчисти ситуацијата меѓу косовската претседателка Вјоса Османи и граничната безбедносна контрола на полицијата во ТАВ . Тој е суспендиран од работа и против него се поднесува пријава за нарушување на безбедноста и попречување на службено лице. Против двајца други полицајци е поведена дисциплинска постапка.

„Пријавениот С.С. на Меѓународниот Аеродром Скопје на паркингот пред ВИП салонот пристигнал со возило со поставени ротациони светла, излегол од возилото и од појасот го извадил пиштолот, го репетирал и повторно го вратил во појасот, а на полицискиот службеник кој извршувал работни задачи пред вратата на ВИП салонот му се обратил на висок тон, го турнал наназад со двете раце и заканувајќи му се го спречил полицискиот службеник како службено лице во извршување на неговите службени дејствија. Пријавениот С.С. бил испратен на Аеродромот од страна на претседателот на Собрание со цел надминување на недоразбирањето кое настанало со претседателката на Косово. Потоа, заедно со уште двајца полициски службеници од Секторот за обезбедување на личности влегол во ВИП салонот и движејќи се во простории каде немал овластување за движење на присутните вработените на ТАВ-Скопје, полициски службеници од граничната полиција и Одделот за заштита на определени личности и објекти почнал да им се заканува по животот, водено барајќи да ја спроведе претседателката со возило до авионот“, велат од Министерство за внатрешни работи.

Премиерот Хирстијан Мицкоски рече дека никој нема да биде над законот и ќе има кривична одговорност

За нарушување на безбедноста на осомничениот му се заканува казна затвор од најмногу 6 месеци или парична казна, додека за попречување на службено лице му се заканува затворска казна од 1 до 3 години./Алсат.мк

Адриан Керими

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button