ВЕСТИРЕГИОН

Свечла: Имаме информации дека во Нови Пазар се лекуваат 6 ранети терористи

Министерот за внатрешни работи Џелал Свечла изјави дека имаат информации дека во болницата во Нови Пазар се лекуваат 6 ранети терористи.

Тој побара од Србија да ги предаде нив и секој член што ќе успее да избега во Србија.

„Според досегашните информации, 6 ранети терористи се згрижени во болницата во Нови Пазар и бараме Србија веднаш да ги предаде на косовските власти, за да можат да се соочат со правдата за терористичките акти. Исто така, за секој член на оваа група што успеал да побегне во Србија бараме Србија да го предаде“, рече Свечла.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button