ВЕСТИЗДРАВСТВО

Светот подготвува четврта доза против КОВИД, ние уште се молиме за првите

Додека во развиените земји ќе се применува четвртата доза, кај нас над 60% од населението сè уште ја нема примено ниту првата. Според препораките на СЗО од јануари, четвртата доза може да се применува за лица со ризик од нарушено здравје и хронични заболувања. Но, од Центарот за јавно здравје во Скопје велат дека ние сме далеку далеку назад и со третата и со првата доза.

„Не знам зошто овде имаме застој и нема голем интерес. Првата и втората доза ја примија значителен број граѓани. Не можеме да кажеме дека воопшто нема интерес. Сепак, за третата доза има помал интерес, не знам зошто. Да не зборуваме тогаш за другите дози, за кои се зборува дека треба да се даваат како што е четвртата. Не можеме да размислуваме за неа без да се прими првата и втората доза“, вели Љуљзиме Бајрами, ЦЈЗ Скопје.

Од Министерството за здравство велат дека нема да има дополнителни рестриктивни мерки како ограничување на движењето на невакцинираните или обврска за да се вакцинираат. Останува на свеста на граѓаните.

„Во текот на вчерашниот ден се дадени вкупно 4.961 дози вакцини, од кои 1.721 како прва доза, 1.030 ревакцини и 2.210 граѓани ја примиле третата доза“, велат од Министерството за здравство.

Досега вво земјава акцинирани се околу 815.000 граѓани со прва, а 785.000 со втора доза. Третата ја примиле околу 56.000 лица. Досега 39% од населението е целосно имунизирано.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button