ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Светот со мерки поради поскапувањата, нашата Влада „ја следи состојбата“

Земјите од соседството и од светот на големо се подготвуваат за ублажување на ударот од енергетската криза со конкретни мерки за граѓаните да не го почувствуваат растот на цените на храната, струјата и горивата. Привремено укинување на ДДВ-то на струјата и гасот во Данска, замрзнување на цени на прехранбени производи и на горивата во Хрватска, штедење на струја преку рестрикции во некои фабрики во Кина, а Германија веќе разгледува можност директно да го субвенционира греењето за сиромашните граѓаните. Од Владата кај нас велат дека засега будно ја следи состојбата.

„…Нема простор за загриженост. Апелираме да се внимава со изнесувањето на пораки кон граѓаните. До крајот на годината нема да има промена на цената на електричната енергија, таа е обезбедена за сите домаќинства“, наведуваат од Владата.

Зголемувањето на цените на енергенсите на светските берзи и на цената на струјата, сепак ќе предизвика раст на стапката на инфлација кај нас, велат од Народната банка.

„Со априлскиот циклус на проекции проектиравме стапка на инфлација од 2,2 проценти, но судејќи ги најновите остварувања кај инфлацијата, како и проекциите, особено за движењето на цените на храната и енергијата, најверојатно ќе направиме умерена нагорна ревизија на инфлацијата…“, рече Анита Ангеловска-Бежоска- Гувернерка на НБ.

Просечната цена на струјата на светските берзи достигна 200 евра за мегават-час, што е рекордна цена и речиси за три пати повисока од почеток на годинава кога изнесуваше 56 евра.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button