ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Светска банка прогнозира најнизок раст во земјава споредено со регионот

Светска банка прогнозира најнизок раст во земјава споредено со регионот

Земјава годинава ќе оствари најнизок економски раст споредено со земјите од регионот. Ова е проекцијата на Светска банка, која во полугодишниот извештај ги намали очекувањата за раст на бруто-домашниот производ од 3,7 на 2,7 проценти. Светска банка бара од Владата, временски да ги ограничи новите мерки за помош на стопанството и граѓаните и да ги таргетира само кон одредена категорија на граѓани на која им е непходна помош во спротивно може да се наруши економската стабилност.

„Ако треба да се бираат мерки потребно е да бидат временски ограничени со фокус на најранливите категории. Сиромашното домаќинство троши 71 процент на храна и енергија тие немаат голем простор да го издржат притисокот од високите цени ова треба да биде фокус во новите мерки. Не треба да се заборават структурните прашања – продуктивноста и работната сила бидејќи само 49 проценити од работоспособното население е вработено, а тоа е многу ниско ниво тоа треба да се надмине“, рече Сања Маџаревиќ, Светска Банка.

Според проекцијата на СБ инфлацијата годива ќе бележи раст од 5,5 проценти, а препораката е носење балансирани мерки како од фискалната така и од монетарната политика. Владата треба да се фокусира и на подобро прибирање на приходите во буџетот со подобра наплата на даноците. Најпогодени сектори ќе биде автомобилската индустија, земјоделството и енергетскиот сектор. Светска банка до крајот на годината ќе има дополнители проекции поради неизвесноста со војната во Украина која предизвикува неизвесност во целата глобална економија.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button