ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Светски ден на лицата со Даунов синдром

Омер е роден со Даунов синдром. Секој ден од детството го поминува во друштво на различни активности кои позитивно влијаеле на неговиот развој. Омер веќе ги научил буквите, бројките и боите и речиси се што го опкружува во секојдневниот живот..

Мајката на Омер, Фатиме Шабани, за Алсат изјави дека раниот и континуиран третман ги дава вистинските резултати.

„Омер е дете кое се буди рано. Во 8 часот сме во здружението, тоа трае еден час.
Презадоволна сум, одлично го прифатија, одлично се однесуваат со Омер. Асистентката е многу добра. Тешко е, но доброволно го правам за да не заостане, давам сѐ од себе“, вели мајката на Омер.

Психолозите велат дека правилниот третман на лицата со Даунов синдром им овозможува да станат независни и способни за живот.

„Она што сакам да им го препорачам на родителите е да ги преземат неопходните чекори за третирање на овие децат што е можно порано, за прифаќање на нивното дете во најпозитивна форма, давајќи му ја сета потребна грижа и љубов што ја имаат тие деца“, рече Атиџе Сефа, Центар „Савант“.

Како што соопшти Министерството за здравство, годинава Светскиот ден на лицата со Даунов синдром се одбележа под мотото „Со нас – не за нас“.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button