ЗАБАВА

Светски рекорд за новогодишно украсување

Германска двојка постави светски рекорд за новогодишно украсување. Томас и Сузана Џером го украсија својот дом со 444 елки, шарени светилки и лампиони. На крајот добија сертификатот за светски рекорд. Дека станува збор за вистински мераклии за украсување покажува и фактот дека сè на сè тие употребиле околу 10 илјади лампиони 300 различни светилки внатре и надвор од куќата. Исто така, ниту една од елките не е иста со друга. Томас и Сузана подготовките за украсувањето ги започнале уште во текот на летото.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button