СВЕТ

Светските лидери го поздравуваат договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

Договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, што вчера го постигнаа Израел и Хамас, наиде на реакции кај лидерите ширум светот кои го поздравуваат и ги повикуваат двете страни да го искористат моментот за да се стави крај на конфликтот и на хуманитарната криза, пренесува „Гардијан“.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, рече дека земјите-членки се подготвени да го поддржат спроведувањето на договорот и „да ја зголемат испораката на одржлива хуманитарна помош за безбројните Палестинци кои продолжуваат да страдаат“.

„Беше императив прекинот на огнот да ги отстрани значајните безбедносни и политички пречки за испорака на помош низ Газа“, додава тој.

Американскиот претседател Џо Бајден вели дека палестинскиот народ „поминал низ пеколот“, додавајќи дека премногу невини луѓе се загинати.

„Уништени се премногу заедници. Според овој договор, жителите на Газа конечно можат да се опорават и обноват“, вели Бајден.

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во објава на платформата Трут сошал рече дека овој епски договор за прекин на огнот можел да се случи само како резултат на неговата „историска“ победа на изборите во ноември.

Премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, го опиша договорот како „задоцнета вест што израелскиот и палестинскиот народ очајно ја чекаа“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button