СВЕТ

Светските сили се обврзаа да спречат ширење на нуклеарното оружје

Петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН – САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција, денеска се обврзаа дека ќе „спречат понатамошно ширење“ на нуклеарното оружје.

Обврската е вметната во заедничката декларација усвоена во пресрет на конференцијата на која ќе се разгледува Договорот за неширење на нуклеарното оружје.

Петте нуклеарни сили ја истакнаа подготвеноста да работат со сите држави поради воспоставување безбедно опкружување кое ќе овозможи да се оствари поголем напредок по прашањето на разоружувањето, со крајна цел достигнување свет без нуклеарно оружје, соопшти Франција, која ја координира работата на тие земји со конференцијата за Договорот за неширењето на нуклеарно оружје.

Декларацијата е усогласена во време кога се водат преговори со Иран, осомничен дека се обидува да направи атомска бомба.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button