ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СВР Куманово со превентивна активност за заштита од џебни кражби

СВР Куманово со превентивна активност за заштита од џебни кражби

Отсекот за превенција од СВР Куманово организираше превентивна активност на Зелените пазари во Куманово во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2022“, соопштија денеска од полицијата. Полициските службеници поделија летоци со практични совети за поголема заштита од џебни и други кражби и имотни деликти и низ кратки разговори, ги советуваа кои мерки да ги практикуваат и на што треба посебно да внимаваат при купување и движење на јавни места и разговара со кумановци.

Полицијата ги советуваше граѓаните да внимаваат на околината кога пазаруваат на зелени пазари и трговски центри или додека чекаат на автобуски постојки како и при качување во автобус. Службениците ги повикаа граѓаните да не се туркаат, да не покажуваат пред другите луѓе пари или скапоцени предмети. Меѓу практичните совети е чантата да се носи затворена, да се избегнува носење паричник во заден џеб на пантолони. Оние кои се оштетено треба да пријават во полициска станица и да ја пребараат непосредната околина. Во случај на пронаоѓање на украден паричник, граѓаните треба да го стават во кеса и да го предадат во најблиската полициска станица затоа што постои можност за откривање на корисни траги.

Полициските службеници на граѓаните им поделија летоци на граѓаните и за заштита од пожари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button