СВЕТ

СЗО до богатите земји: Да се воздржат од давање трета доза вакцина

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, ги повика богатите земји со големи залихи на вакцините против коронавирус да се воздржат од давање трета доза до крајот на годината и да ги стават на располагање на сиромашните земји.

Гебрејесус всушност го повтори претходниот апел за „мораториум“ за давање на третата доза од вакцината, што во голема мерка беше игнорирано од побогатите земји. Тој рече дека не се согласува со ставовите изразени во вторникот од водечката асоцијација на производители на лекови, дека залихите на вакцини се доволно големи за да може да се дава трета доза во побогатите и прва во посиромашните земји, кои се соочуваат со недоволни вакцини.

Според СЗО, во светот се дадени 5,5 милијарди дози вакцини против коронавирус, од кои 80 проценти се во земји кои не се сиромашни.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button