ВЕСТИСВЕТ

СЗО стравува од појава на колера во Украина

Светската здравствена организација се подготвува за потенцијално избивање колера во Мариупол, каде што се оштетени голем број инфраструктурни објекти. Тоа го изјави синоќа менаџерката на СЗО за инциденти во Украина, Дорит Никан.

„Многу цевки се оштетени, а добиваме информации од терен дека се измешани канализацијата и водата за пиење“, појасни Никан.

Како што истакна таа, СЗО ова го оценува како огромна закана од појава на многу инфекции, вклучително и колера.

Беше нагласено оти се подготвуваат вакцини за колера, постои соработка со невладини организации и партнери, кои можат да дојдат во Мариупол да им дадат поддршка на луѓето.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button