СЗО воведува мерки за штедење поради повлекувањето на САД

Светската здравствена организација (СЗО) одлучи да го „замрзне“ регрутирањето и значително да ги намали патните трошоци како одговор на повлекувањето на Соединетите Американски Држави од организацијата, која е нејзин најголем финансиски донатор, се наведува во интерната порака до вработените.
„Како што знаете, Соединетите Американски Држави најавија повлекување од СЗО. Жалиме за оваа одлука и се надеваме дека новата администрација ќе го преиспита својот став“, напиша генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, во пораката до вработените, пишува „Политико“.
Тој нагласи дека оваа одлука на Америка дополнително ја влоши финансиската состојба на организацијата и предизвика значителна загриженост и неизвесност кај вработените. Како одговор, СЗО воведува мерки за штедење кои вклучуваат „замрзнување на вработеноста, освен во најкритичните сектори“, како и „значително намалување на патните трошоци“.