СВЕТ

Тајм го избра Трамп за личност на годината

Магазинот „Тајм“ по вторпат го прогласи Доналд Трамп за личност на годината, пренесува Би-Би-Си.

„За враќање од историски размери, за поттикнување на политичко престројување еднаш во генерација, за преобликување на американското претседателство и менување на улогата на Америка во светот, Доналд Трамп е личност на годината на TIME за 2024 година“, наведе главниот уредник на TIME, Сем Џејкобс во порака до читателите.

Новоизбраниот републикански претседател треба да го заѕвони отворањето на њујоршката берза во четврток за да ја одбележи честа заедно со неколку членови на неговото семејство.

Трамп првпат беше прогласен за личност на годината во 2016 година, откако победи на претседателските избори во САД.

Традицијата на списанието – која започна во 1927 година како „Личност на годината“ препознава личност или движење што „во добро или во лошо… направило најмногу за да влијае на настаните во годината“.

Други претходни победници се активистката за климатски промени Грета Тунберг, поранешниот претседател Барак Обама, извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг, папата Франциско и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button