ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таксисти: Ако државата не интервенира, ќе има поскапување

Граѓаните се жалат на поскапување на превозот, а превозниците велат дека работат со загуба.

Буџетот не ми дозволува почесто да користам такси, велосипеди или автобуси“, вели еден граѓанин.

Преставниците на такси-компаниите во Скопје велат дека цената е иста, но од надлежните бараат да преземат мерки кон нелојалната конкуренција за услугите да не поскапат.

„Има решение цената да остане иста за граѓаните од институциите да бидат задоволни и да не ги чини ниту денар. Тоа значи дека инспекторите ќе излезат и ќе расчистат со нелојална конкуренција. Тоа се таксисти кои немаат лиценци, такси без фискални таксиметри и таксисти кои не се пријавени во Агенцијата за вработување, или пензионери. Тоа значи дека пензионерите работат како таксисти“, рече Сашо Рајчајновски, Скопје Такси Груп.

Од Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје велат дека цените на билетите нема да се менуваат.

„Цената на билетите ќе остане иста, сметаме дека со оваа мерка НКП Скопје ќе им помогне на граѓаните за време на економската криза во која се наоѓаме“, изјави Деспина Трајковска Димова, НКП.

“Користам само автобус. Како се цените во автобусите? 25 денари една карта, десет карти 250 денари.
Од агенциите за меѓуградски превоз велат дека се во многу тешка положба и работат со загуба”.

Пред околу еден месец цените на билетите за меѓуградско патување поскапеа за околу 25%. /Алсат.мк

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button