СВЕТ

Талибанците тврдат дека ја заземале последната област под силите на отпорот

Талибанците тврдат дека презеле целосна контрола врз провинцијата Паншир – последна област во Авганистан што ја држеа силите на отпорот, кои ги отфрлија ваквите тврдења.

Досега не беше можно веднаш да се добие независна потврда за настаните во Паншир, каде исламистичката милитантна група ги прекина телефонските линии, интернетот и електрични водови.

Талибанците пред три недели презедоа контрола врз поголемиот дел од Авганистан. Тие на 15 август ја преземаа власта во Кабул, по колапсот на владата поддржана од Западот.

Со оглед на секојдневните очекувања Талибанците да објават нова влада, тешки борби се случуваа во долината Паншир којашто се наоѓа на околу 100 километри североисточно од главниот град, во услови кога Националниот фронт за отпорот на Авганистан (НРФА) се спротивстави на владеењето на Талибанците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button