ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Талир 1“, „Титаник“ и „Тендери“ почнуваат од почеток – Разрешен поротникот Митко Сандев

Судскиот совет едногласно го разреши поротникот, Митко Сандев, кој наполни 60 години. Тој беше судија поротник во случајот „Талир 1“, каде освен поранешни високи фукционери на партијата  обвинети за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, замрзнат е и имотот на опозициската партија.

Тој е судија поротник и во случаите „Титаник“ и „Тендери“, каде како обвинети се исто така екс функцинери на ВМРО ДПМНЕ, како Илија Димовски, Елизабета Канческа Милевска и други.

ВМРО ДПМНЕ преку претседателот Христијан Мицкоски неколку пати јавно бараше поротникот сам да се повлече оти ја исполнил законската граница од 60 години за тој веќе да не може да биде поротник во случаите каде беше делегиран.

За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ клучна пречка е имотот кој Кривичниот суд го замрзна и партијата не може да располага со истиот – не може да го продава, да го стави под хипотека. Мицкоски обвини дека ова е токму желба на Зоран Заев имотот на партијата да остане правно заробен. Разрешувањето на поротникот Митко Сандев значи дека по неколку години судење, „Талир 1“, „Титаник“ почнуваат од ново.

Нов старт ќе има и за „Тендери“, каде обвинета е поранешната министерка за култура, Канческа Милевска, судење кое дојде пред предсуда. Веќе за утре беше закажан завршен збор, а вчерашното рочиште се одложи поради дијареа на една од обвинетите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button