ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари: Ако добиеме понуда за влегување во Влада, ќе ја разгледаме

Доколку добиеме понуда за да влеземе во владината коалиција ќе ја разгледаме. Овој став денеска го соопшти в.д претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, одговарајќи на новинарско прашање за можноста за влез на АА во извршната власт и под кои услови би прифатиле.

– Засега не сме разговарале за тоа, сега сме фокусирани на реорганизација на партијата. Претежно сме на терен и разговараме, ги слушаме активистите и симпатизерите. Не сме разговарале за условите за влез или излез. Не сме биле во Влада, па не сме ни размислувале. Но, ќе видиме, ќе испитаме дали ќе има таква понуда. Досега не сме добиле понуда, рече Таравари.

Таравари по барање на новинарите се осврна и на последните случувања во ДУИ, напоменувајќи дека не сака да коментира случувања во другите политички партии, но оцени дека е започнат распадот на ДУИ и оти тоа, како што рече, наскоро ќе се случи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button