ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари: Не ја поддржуваме иницјативата за референдум

Таравари: Не ја поддржуваме иницјативата за референдум

Реториката на ВМРО-ДПМНЕ може да ја остави без партнер во албанскиот политички блок. Вршителот на должноста претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, синоќа во емисијата „Патот кон“ изјави дека нејзиниот антиевропски речник ќе ја оддалечи Алијанса од можноста за коалицирање.

„Никако, не ја поддржуваме иницијативата на ВМРО за референдум бидејќи тоа не оддалечува од евроинтеграцискиот пат на земјата. Не сакаме ни да слушнеме за тоа. Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи со овој вокабулар, тоа ќе не оддалечи од соработката. Ние не сме против македонскиот идентитет. Ако го напуштите евроинтегративниот пат, го напуштате македонскиот идентитет. Нема кој да им помага на Македонците повеќе од НАТО и ЕУ “, изјави Арбен Таравари, в.д. претседател на Алијанса за Албанците.

Од ВМРО велат дека за нив никогаш не била доведена во прашање интеграцијата на земјата во ЕУ, но велат дека мора да се почитуваат црвените линии на граѓаните.

„Од страна на ВМРО ДПМНЕ никогаш не е доведен во прашање евроатлантскиот пат на Република Македонија. Нашиот став е јасен дека е поважно Република Македонија да влезе во ЕУ, но остануваме и на ставот дека мора да се почитуваат црвените линии на државата и граѓаните“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Таравари во „Патот кон“ го повтори ставот дека АА нема да поддржи уставни измени се додека определбата од 20 проценти не се отстрани од највисокиот правен акт./Alsat.mk

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button