ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Таравари почна со разрешување на економските директори

Новиот министер за здравство Арбен Таравари, два часа откако ја презеде функцијата од заменик-министерката Маја Манолева, најави дека од денеска ќе почне да ги разрешува економските директори на клиниките. Како што кажа Таравари, за два месецa сите ќе бидат разрешени и повеќе нема да постои функцијата економски директор, односно на клиниките ќе има само еден директор.

„В.д. економски директори се 14, веќе дадов наредба во Министерството, јас ќе одам до Штип, да ја видиме болницата таму, се враќам да ги потпишам. Денеска се разрешуваат одреден број економски директоири на коишто им завршува в.д. мандатот некаде до средина на јули. Сите ќе бидат разрешени. Тие што се со мандат, ќе ми треба измени во законот и веќе е дадена наредба што побргу да оди во Парламент измената на законот, да нема повеќе економски директори. Сметајте, за еден-два месеца веќе ќе нема економски директори ниту со закон“, рече Таравари.

Што се однесува до оние економски директори што имаат мандат до август или септември, Таравари рече дека во наредните денови ќе види како ќе се постапува бидејќи, како што рече, не сака да ризикува тужби за Министерството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button