МАКЕДОНИЈА

Тасева: Студент може да состави кривична за планот за градба кај Холидеј Ин

Студент од правниот факултет може како вежба да состави кривична пријава за случајот со планот за градба на паркингот кај Холидеј Ин, оценува претседателка на „Транспаренси интернејшенел – Македонија“ и екс претседателка на Државната комисија за спречување на корупција, Слаѓана Тасева, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат.

„Еден студент од Правниот факултет, од ова што го зборуваме, може како вежба да напише кривична пријава за овој случај. Затоа што во најголем дел документите за коишто зборуваме се јавни документи и не само што ќе ја напише, туку и ќе ја документира со докази. Очигледно е дека станува збор за настан којшто влегува во групата на кривично-правни настани за којшто треба Обвинителството треба да поведе постапка за да се испита законитоста и одговорноста, се разбира, затоа што тука има многу незаконитости“, вели Тасева.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button