МАКЕДОНИЈА

Тасева за случајот Рашковски: Покрај криминална потребно и финансиска истрага

Паралелно со криминалната истрага, Обвинителството треба да се отвори и финансиска истрага во врска со случајот Рашковски, вели во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернејшенел“ Македонија и екс претседателка на ДКСК. Како што додава Тасева, потребно е да се види каде отишле парите од набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци.

„Она што Јавното обвинителство сега може да го прави, покрај проверката што ја прави ДКСК, тие паралелно со криминалната истрага треба да отворат и финансиска истрага. Да видат парите од овој тендер, од оваа набавка, каде отишле, што се случувало? Постои цела стратегија за финансиски истраги“, вели Тасева.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button