ЕКОНОМИЈА

Тасевска: Цената на рафт мора да е иста со онаа што се наплаќа на касите

Праксата една цена на рафт, а друга на каса, не треба да постои во продавниците, а ако граѓаните забележат такви неправилности да пријават во Пазарната инспекција или во Организацијата на потрошувачи, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Татјана Тасевска, од Организацијата на потрошувачи.

„Треба точно онаа цена којашто ја виделе на рафтот да биде и цената којашто ќе ја платат на касата. Од друга страна пак, трговците, поради сите овие состојби, постојаната промена на цените, постојано се правдаат со тоа дека немаат време да ги сменат секаде цените на рафтовите и на производите и на касите, меѓутоа, на касите многу побрзо ги менуваат отколку на рафтовите. Ваквата пракса не треба да постои. Ако граѓаните забележат ваква пракса треба да се обратат или до нас или до Државниот пазарен инспекторат“, рече Тасевска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button