ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Технички сè е можно, вели Грлиќ Радман за тоа дали има шанси да се крене ветото од Бугарија следната недела

Хрватскиот министер за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман вели дека е премногу важно Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ и ова прашање да се најде на агендата на Самитот на Унијата на 23 и 24 јуни.

На прашањето дали со оглед дека Самитот е наредната недела има воопшто шанси да се промени ситуацијата и да се подигне ветото, Грлиќ Радман вели дека технички се е можно.

„Зборувам за тоа колку е премногу важно ова прашање повторно да се најде на агенда. Мислам дека технички се е можно, тоа е за недела дена. Јас и во изјавата најавив дека очекуваме и се надеваме на свикување на првата меѓувладина конференција. Мислам дека тука е многу важно и француското претседателство, но и влијанието на водечките земји во ЕУ кои исто така се за безбедноста и афирмацијата на европските вредности“, рече Грлиќ Радман на заедничка прес-конференција со министерот Бујар Османи во Скопје.

Отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија, според него, ќе биде добар не само политички туку и психолошки важен момент за граѓаните бидејќи веќе 17 години чекаат тоа да се случи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button