ЕКОНОМИЈА

Телеком Србија заинтересиран за влез во Македонија

Телеком Србија е заинтересирана за влез во Македонија – потврди за Алсат директорот на АЕК Јетон Акику. Информациите се точни, но засега нема пристигнато никакво барање од Телеком Србија за нотификација во Агенцијата за електронски комуникации. Според информациите на Акику, српскиот оператор е заинтересиран во периодот што следи да влезе на македонскиот пазар со нудење на сателитска телевизија, а по Нова година да биде дел и од бизнисот со телефонски услуги и интернет. Неофицијално дознаваме дека Телеком Србија има намера да купи еден од помалите телекомуникациски оператори. Таква пракса овој оператор веќе има, односно на тој начин влезе во Црна Гора, а во Албанија беа прекинати преговорите за купување на Дојче Телеком Албанија. Телеком Србија е српски телекомуникациски оператор во државна сопственост, основан како акционерско друштво во јуни 1997 година.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button