СПОРТ

Тенис – Победа за Барт, Кирстејан и Беретин

Викендов завршија неколку турнири на земјен терен, како подготовка за Грен слем турнирот Ролан Гарос кој ќе се одржи во Париз, следниот месец. На турнирот во Штутгарт, на кој учествуваа скоро сите најдобри тенисерки во светот, победник беше австралиската тенисерка Ешли Барт. Таа ја победи белорусинката Арина Сабаленка со 2:1 во гемови, или во финалето со 3:6, 6:0, 6:3. На турнирот што се одржа во Истанбул, Турција, триумфираше романската тенисерка Сорана Кирстеа, совладувајќи ја Белгијката Елисе Мертенс со 2:0 во сетови. Романската тенисерка триумфираше на турнир по 13 години чекање. Во меѓувреме, во машка конкуренција се издвојува турнирот што се одржа во Белград, во организација на Новак Ѓоковиќ, каде исто така беше учесник и беше елиминиран во полуфиналето. Турнирот во Белград го освои Италијанецот Матео Беретини, кој во финалето го совлада Русинот Аслан Карацев со 2:1 во сетови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button