ВЕСТИРЕГИОН

Тензично пред седиштето на Демократската партија во Албаниа

Голем број подржувачи на екс претседателот и премиер на Албанија, Сали Бериша ја опколија зградата на седиштето на Демократската партија на Албанија и се обидуваат насилно да влезат во неа, каде што претседателот на партијата Лулзим Баша одржува седница со раководство на партијата. Бериша во текот на вчерашниот ден повика на протести со цел како што рече да се ослободи партијата од нелегалното раководство. За време на протестите кои сеуште траат повеќе од стотина приврзаници на Бериша насилно ги искршија стаклата на вратите, обидувајќи се да влезат во седиштето на Демократската партија. Од албанското МВР соопштија дека полицијата ќе интервенира за да се спречи трагедија, и дека сите ќе одговараат пред законот. Инаку Бериша беше искучен од партијата од страна на Баша, бидејќи од страна на САД е прогласен „персона нон грата“, Алсат.мк.

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button