РЕГИОН

Тензично во Софија, за малку избегната тепачка во бугарското собрание

По вчерашното разрешување на спикерот, како и меѓусебните обвинувања на пратениците од власта и опозицијата за ребалансот на буџетот и темата за ветото на Македонија, втор ден траат тензиите во бугарското Собрание, каде воедно продолжува и неизвесноста кој го има мнозинството. Одговорот на ова прашање ќе се знае во среда, кога се очекува да се гласа за недоверба на Владата предводена од Кирил Петков.

Според последните математики, вкупно 115 пратеници застануваат зад Владата, а опозиционерите на своето конто има 125 пратеници, кои се очекува да гласаат за рушење на владиниот кабинет.

Но, бројките постојано се менуваат, бидејќи уште еден од пратениците на партијата на Слави Трифонов, реши да се приклучи кон групата на Петков.

„Не сакам да се поврзувам со ГЕРБ и кога ќе се вратам дома сакам да си ги погледнам децата во очи“, рече Кирил Симеонов – пратеник на ИТН.

„Ние оставивме секој сам да реши, да процени дали ќе ја напушти парламентарната група на ИТН, секој гледа што се случува во државата. Не можам да ви кажам дали ќе има и други пратеници што ќе ја напуштат групата“, рече Иво Атанасов – пратеник на ПП.
Гласањето за недоверба на Владата беше на барање на партијата ГЕРБ на екс-премиерот Бојко Борисов, поради економската криза во земјата, а ќе се случи само еден ден пред претседателот на Владата Петков да замине во Брисел на јунскиот Самит. Од владејачката партија истакнаа дека ќе ги вложат сите напори за да не се дојде до нови предвремени парламентарни избори.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button