ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Теренската вакцинација предизвикува голем интерес кај граѓаните низ внатрешноста

На 82-годишна возраст дојде да ја прими првата вакцина во животот. Скендер Сулејмани вели дека никогаш досега не се вакцинирал, ниту примал некоја посебна медицинска терапија, па и шприцот со дозата против ковид не му беше пријатен.

Никогаш не сум примал ни таблети, ни вакцини. Имам 80 и нешто години затоа што во личната карта подоцна ми ја напишале возраста роден во 1939 година. Ми рекоа да ја примам вакцината, што знам. Дали мислите дека ќе ви помогне? Мене? Никогаш“, вели Сулејмани.

Мобилни тимови за вакцинација беа стационирани и во селото Лопате кај Куманово. Интересот е зголемен. Повикуваат сите да бидат вакцинирани за да се постигне колективен имунитет што е можно поскоро.

„Јас закажав термин, но сега е подобро без термин, сите се вакцинираат, така и ние. Син ми, снаа ми, но и сопругата, сите се вакцинирани од целата куќа“…

„Ја примив вакцината. Дома немаат сите примено, но ќе го сторат наскоро. Во моментов имаше гужва кај пунктот за вакцинација во градот. Ова е многу подобро за постарите селани бидејќи и таму мора да се чека многу ред. Сестра ми ми рече дека ќе дојдат кај училиштето и дојдовме“, рекоа селаните.

Во кумановско има шест мобилни тимови за вакцинација. Се даваат Синовак и АстраЗенека, а за децата од 12 до 16 години – Фајзер.

„Досега теренската вакцинација се одвива според предвидената динамика и програма. Исто така, процесот на вакцинација и ревакцинација се одвива во економската и спортска сала Перо Наков – Куманово. Досега одѕивот е задоволителен, граѓаните позитивно одговорија на повиците за теренска вакцинација. Целта на овој процес е ние како Здравствен дом да бидеме поблиску до граѓаните“, рече Валдрин Мифтари, медицински персонал.

Според Здравствениот дом во Куманово, првиот ден биле регистрирани 283 дози од мобилните тимови, а 190 без закажан термин. Ги повикуваат невакцинираните граѓани да ја искористат оваа прилика која им се укажува блиску до домовите. Од Министерството за здравство сè уште нема податоци колку граѓани биле вакцинирани на теренот во текот на првата недела од вакцинацијата без закажување термин.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button