МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајна несреќа кај Блаце, едно лице загина

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот од село Горњане кон село Блаце.

Advertisements

Според информациите од МВР, вчера во 17.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Горњане кон с.Блаце, скопско, товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(46) од с.Желино, тетовско, излетало надвор од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал Б.Ш., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button