Технологија

Тесла повлече 830.000 возила: Автопилотот се исклучува секунда пред несреќа

Тесла повлече 830.000 возила: Автопилотот се исклучува секунда пред несреќа

Оваа недела, Националната управа за безбедност на патиштата на САД (NHTSA), агенција предводена од министерот за транспорт, објави дека ќе тестира 830.000 автомобили Tesla во сите четири сегашни линии на модели (S, X, 3 и Y), што е за 11 отсто повеќе возила отколку што беше претходно најавено.

Овој потег уследи откако агенцијата анализираше голем број несреќи кои открија модели во перформансите на автомобилот и поврзаното однесување на возачот. Агенцијата соопшти дека целта е да се истражи степенот до кој автоматскиот пилот и поврзаните системи на Tesla би можеле да ги влошат човечките фактори или безбедносните ризици од однесувањето со поткопување на ефективноста на надзорот на возачот.

Сега, NHTSA објави дека во 16 одвоени случаи било откриено дека автопилотот изгубил контрола над возилото помалку од секунда пред првиот судир, што сугерира дека возачот не бил подготвен целосно да ја преземе контролата над возилото.

Според Car And Driver, според снимките од овие несреќи, возачот требало да биде свесен за потенцијалниот инцидент во просек осум секунди пред судирот.

Истрагата досега утврдила дека на повеќето од возачите рацете им биле на воланот, како што налага автопилотот, но возилата не ги предупредиле навреме возачите да преземат мерки за да не дојде до судир.

NHTSA соопшти дека во моментов истражува повеќе од 1.100 други несреќи што се случиле со автопилотот. Извршниот директор Илон Маск отсекогаш тврдел дека несреќите не може да бидат вина на компанијата бидејќи податоците извадени од компјутерот секогаш покажуваат дека автоматскиот пилот не бил активен во моментот на судирот.

Сите тековни автономни функции на Tesla, вклучително и технологијата за целосно самостојно возење, која моментално е во бета тестирање, се сметаат за системи за помош за кои секогаш е одговорен само возачот, а не производителот.

Но, што ако автопилотот сам се исклучи само секунда пред судирот? Според Fortune, поради оваа најнова истрага, можно е да се повлечат стотици илјади возила Tesla од улиците.

Возилата на Tesla понекогаш сами кочат на патот, без интервенција на возачот

Секое повлекување наложено од NHTSA е задолжително со закон и мора официјално да се следи и координира со властите.

Истрагата првично започна минатата година, откако NHTSA прими повеќе од 350 поплаки на возачи за таканареченото „фантомско“ кочење на автомобилот или неочекуваното и непотребно активирање на сопирачките со активиран асистент за возење.

Имено, во некои случаи кога ситуацијата на патот била нормална, односно немало проблеми, метеж, сообраќајни знаци или потенцијално опасни ситуации, возилата на Tesla во кои бил активиран автопилотот понекогаш сами сопирале, без интервенција на возачот.

Таквото ненадејно и неочекувано сопирање може да создаде големи проблеми при возењето, особено за луѓето кои возат автомоби зад возило Tesla кое наеднаш сопира.

Тесла најави повлекување на 475.000 возила минатата година

На крајот на минатата година Tesla објави дека ќе повлече 475.000 возила Model 3 и Model S за да ги реши проблемите со камерата за заден поглед и хаубата кои го зголемуваат ризикот од судир.

Најавено е дека поради проблеми со задната камера ќе повлече 356.309 возила Model 3, произведени меѓу 2017 и 2020 година, како и 119.009 возила Model S, поради проблеми со хаубата.

Прикажи повеќе
Back to top button