ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Тестирањето на државна сметка е редуцирано

Тестирањето на државна сметка е редуцирано

За да се тестирате дали сте заразени од новите варијанти на корона вирусот, треба да почекате термин. Во Скопје функционираат само две точки за тестирање, кои се покриени од фондот. Сите останати приватни пунктови работат со редовно работно време, но плаќањето е 100% приватно. Пациентите се жалат дека не можат да најдат термин и редот им доаѓа откако ќе поминат симптомите.

„Пунктот за тестирање во поликлиниката Чаир работи само три часа од 8-11 часот со намален персонал и ограничено време. Оние кои нема да успеат да закажат ќе мора да одат и да се тестираат приватно за да докажат дали се заразени со Ковид-19“.

Матичните лекари велат дека е невозможно да обезбедат термин во вистинско време, поради ограничените можности на платформата „Мој термин“.ТВ Алсат.

„Пред да биде пуштена камерата, се пожали дека си чекал 5 часа, што беше тоа?

„Имав друг проблем, кога се вакцинирав ми рекоа да дојдам овде, па да одам таму, но го средивме бидејќи мораше со термин“.

Според извештаите на ИЈЗ, дневно се прават околу 1.600 тестови, од кои половина се позитивни со корона. Според овие резултати, околу 600 се прават преку фондот во јавните клиники, над 300 во приватни лаборатории и околу 700 се антигенски рапид тестови.

Исто е и со другата точка за тестирање. Распоредот е од 8-11 а потоа вратата е заклучена.

Од Центарот за јавно здравје – Скопје, велат дека во главниот град во моментов работат само овие два тест пункта со намалено работно време, бидејќи персоналот е намален поради годишните празници.

„Во моментов пунктовите за тестирање работат од 08-11 часот секој работен ден во поликлиниката Чаир и Јане Сандански. На двата пункта на дневна основа се земаат вкупно 150 брисеви за тестирање“, велат од Центар за јавно здравје – Скопје.

Здравствените власти немаат намера да отворат нови пунктови или да го пролонгираат работното време, бидејќи нивниот фокус е да се мотивираат граѓаните да се вакцинираат во се поголем број како заштитна мерка за спречување на инфекција. Од Министерството за здравство велат дека кампањата за подигање на свеста кај граѓаните за имунизација против Ковид ќе ги поттикне граѓаните да се заштитат преку вакцинација наместо третман на сметка на Фондот за здравство.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button