ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Тестирањето на учениците за ковид-19 во училиштата ќе започне со задоцнување

Иако требаше да започне оваа недела, скринингот во основните и средните училишта за ковид-19 ќе започне следната недела. Доцнењето, според министерот за здравство, доаѓа откако анализата за вклучувањето на учениците во тестирањето траела подолго од очекуваното. Скринингот се прави за да се види дали има асимптоматски случаи кај учениците и дали вирусот се шири во училиштата. За да се види ова во најкус можен рок, Филипче апелираше до родителите да изразат согласност за тестирање на нивните деца.

И покрај предупредувањата на експертите за нов бран на вирусот, Филипче рече дека не се очекува влошување на епидемиолошката состојба. Во меѓувреме, намалувањето на интересот на граѓаните да се вакцинираат со првата доза, може да доведе до воведување на дополнителни мерки.

Во моментов динамиката на вакцинација со првата доза дневно е околу 1000 граѓани. До денес, 35% од општата популација е имунизирана против Ковид -19. За да се постигне колективен имунитет, неопходна е имунизација на 85% од населението.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button